Денеска и утре во Охрид продолжува работниот дел од работилницата „Акционен план за оддржливост на програмите за превенција од ХИВ и туберколоза кои се имплементираат во Охрид“.

На работилницата ќе учестуваат претставници од локалната самоуправа, Секторот за внатрешни работи, образовниот сектор, општата болница и Центарот за јавно здравје, Центарот за социјална работа, претставници од НВО „Опција“ Охрид, КПУ за малолетници, Советот на млади, како и бизнис секторот.

Акциониот план е со цел да се изготви излезна стратегија на проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ“, оддржлив развој и преземање на превентивни активности кои се однесуваат на одржливост на програмите за превенција од ХИВ и туберколоза кои се имплементираат во општина Охрид.

Истиот ќе  претставува легитимен документ кој преку Советот на општината ќе стане дел од програмата за работа на локалната самоуправа и релевантните институции.

OhridNews