Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за измена на Уставот за имплементација на Договорот од Преспа, како предуслов за пристап во НАТО и ЕУ.

Првите два дена од расправата не донесоа приближување на ставовите на власта и опозицијата. Премиерот Заев од говорницата повика на национално обединување и простување за немилите настани во парламентот од 27 април. Непосредно потоа со гаранција да се бранат од слобода од домашен притвор беа ослободени пуштени осомничените пратеници за инцидентите во Собранието, меѓу кои и двајцата членови на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

ВМРО ДПМНЕ побара од говорницата да се обрати лидерот на опозцијата Мицкоски, но спикерот Џафери не го одобри барањето.

За измени во Уставот неопходно е двогретинско мнозинство.

OhridNews