По завршување на градежните активности за реконструкција на дел од улицата „7-ми Ноември” продолжува следната фаза од проектот која ќе се одвива во две подфази со цел побрза реализација и олеснување за граѓаните, информираат од Општина Охрид.

Посочуваат дека првата подфаза опфаќа реконструкција на потегот од фабриката „Братство“ до ОУ „Братство Единство“, додека втората подфаза опфаќа реконструкција од ОУ „Братство Единство“ до пресекот со Булевар „Туристичка”.

​Согласно проектот предвидено е реконструкцијата да ги опфати следните зафати: санација на атмосферска канализација, нови, уредени и безбедни тротоарски површини за пешаците, подземно поставување (спуштање) на кабелските и сите останати оператори, нов асфалт и целосна реконструкција на коловозната лента, како и поставување на ново осветлување, потенцираат од Општина Охрид.

Воедно, апелираат до сите учесници во сообраќајот за разбирање, трпеливост и почитување на привремениот сообраќаен режим за време на изведувањето на градежните работи.

OhridNews