По завршување на градежните активности за реконструкција на дел од улицата „7-ми Ноември” продолжува следната фаза од проектот која ќе се одвива во две подфази со цел побрза реализација и олеснување за граѓаните, информираат од Општина Охрид.

Согласно проектот предвидено е реконструкцијата да ги опфати следните зафати: санација на атмосферска канализација, нови, уредени и безбедни тротоарски површини за пешаците, подземно поставување (спуштање) на кабелските и сите останати оператори, нов асфалт и целосна реконструкција на коловозната лента, како и поставување на ново осветлување, потенцираат од Општина Охрид.
Воедно, апелираат до сите учесници во сообраќајот за разбирање, трпеливост и почитување на привремениот сообраќаен режим за време на изведувањето на градежните работи.
OhridNews










