Во олтарот на црквата во фаза на изработка се нови фрески на Света Богородица и Тајната вечера, а ќе се врши обнова и реконструкција и на оштетените фрески во двете кубиња на црквата. Новина за верниците ќе бидат и новите целивални во резба, на кои ќе бидат поставени икона од домаќинот на црквата, Свети Никола и икони посветени на празникот кој се слави.
– Со Господова помош и бројните заложби на членовите од црковниот одбор, секако со подршка и на верниците- донатори, ќе следат и голем број други нови зафати се со цел овој верски храм да стане еден од најубавите во Охрид и пошироко, вели Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник во црквата Свети Никола, во Долна Влашка Маала.
Претходно, во црквата Св. Никола беа обновени олтарниот дел, поставен беше нов престол и иконостас, а стариот под беше заменет со нов изработен од мермер.