Поради градежните активности за реконструкција на оштетениот цевковод на улицата „Асном“, денес од 08:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на потегот од маркетот Тамаро до 110ката, а со намален притисок водоснабдувањето ќе биде на улиците: „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Никола Карев“ и дел од бул.„Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Првиот дел од санацијата на големиот дефект на улицата „Асном” беше завршен во текот на вчерашниот ден со поставување на дел од новиот цевковод со профил ф 350 мм во должина од 25 метри и шибер со профил ф 350мм.
Градежните активности, велат од претпријатието, ќе продолжат и во наредните неколку дена до целосно завршување со санацијата.
OhridNews












