Продолжуваат активностите за санација на потпорните ѕидови во стариот дел на градот. Деновиве се врши санација на целосно руниран ѕид кој се наоѓа на пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“, информира градоначалникот Кирил Пецаков, на фејбук профилот.

Со овие актвности не само што стариот дел на градот добива убав лик, туку се зголемува и безбедноста на жителите, стои во објавата.

Градежните активности ги врши „Бокоп“ во рамки на договорот за санација на потпорни ѕидови на територија на Општина Охрид.

Претходно активности за реконструкција на потпорните ѕидови беа спроведени на улиците „Илинденска“, „Петар Чаулев“, „Димче Маленко“ и „Кочо Рацин“, а нови потпорни ѕидови беа изградени и во Кошишта и Месокастро.

OhridNews