Македонската фудбалска репрезентација падна дури на 83-то место на мартовската ранг-листа на ФИФА.


Тоа е за четири места подолу од позицијата минатиот месец, но и најлош пласман во последните пет години, поточно од јуни 2006, кога беше 91-ва.

Кон крајот на месецов, нашата селекција го продолжува квалификациите за Еуро 2012 со гостување кај Ирска во Даблин.

Ohridnews