Собранието на Република Мкаедонија денеска ја продолжува расправата по предложениот закон за прекинување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година.

Во текот на досегашните две седници, пратениците од опозицијата бараа одговор кој е виновен за предвремениот прекин на пописот и како ќе се надомести штетата од потрошените средства. Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ, изјавија дека за неуспехот на пописот подеднакво се одговорни власта и опозицијата и сите релевантни вклучени страни.

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 1 октомври, а беше прекинат откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис.

Пописот во Македонија требаше да се одржи од 1 до 15 април годинава, но беше одложен поради изборите и презакажан за терминот од 1 до 15 октомври.

OhridNews