Според прогнозите на синоптичарите сончевото и топло време ќе продолжи и во текот на наредните денови.

Денес ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветар, а од утре ќе има благо покачување на температурите и УВ 7.
Во одредени делови од земјата, кратко дестабилизирање на времето се очекува во вторник, попладне на места нестабилно, со  краткотраен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде до 15 степени, а максималната од 25 до 32.
Во Охрид сончево и топло, со минимална температура од 11 до 15, а максимална од 25 до 28 степени во среда.

OhridNews