Продолжува соработката на Ј.П. „Билјанини Извори“ и здруженијата за лица со попреченост
06.12.13 10:27
Во спортската сала „Билјанини Извори„ во организација на менаџерскиот тим на Ј.П. „Билјанини Извори„ и в.д. Директорот Ристе Мишев, а по повод европската кошаркарска недела за лица со попреченост, се одржа кошаркарски турнир под мотото „Кошарка за сите„.
„Ми претставува особена чест и задоволство што го организираме овој настан со што ги продолживме активностите во рамките на одбележувањето на 3 Декември меѓународниот ден на лицата со хендикеп„ – изјави в.д. Директорот Ристе Мишев и додаде дека Ј.П. „Билјанини Извори„ и во иднина ќе ја продолжи започнатата соработка со оваа категорија на граѓани.
Претседателот на здружението за лица со телесен инвалидитет , Венко Голабоски по повод оваа манфестација изрази голема благодарност до Директорот Мишев како и до целиот менаџерски тим на Ј.П. „Билјанини Извори„ за укажаната почит кон оваа категорија на граѓани со надеж за идна соработка.
„Многу сме среќни и задоволни што ни овозможивте преку овој турнир едно прекрасно дружење со лицата од сите здруженија на лица со попреченост, во пресрет на меѓународниот ден на лица со хендикеп„ изјави Славица Стефаноска претседател на Здружението за глуви и наглуви.
Соработката со здруженијата на лица со попреченост и Ј.П. „Билјанини Извори„ продолжува и во иднина.
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Пред ГРК Охрид е згуснат распоред на натпревари во февруари Освен обврските во домашното првенство, „гладијаторите“ ги очекува и двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Pрага Серија...
Во 1 кошаркарска лига на Македонија викендов почнуваат натпреварите од плеј-офот кои ќе ги дадат патниците во Супер лигата Во првото коло ГКК Охрид денеска во салата „Билјанини извори“, ја пречекув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.