Утре
во Основниот суд во Охрид треба да продолжи судењето за глисерската
несреќа во  која, пред повеќе од две години загина скопјанката Ирина
Романова-Муцински.

На последното судско рочиште кое се одржа на
почетокот на март 2012 година, судот побара ново вештачење од Институтот
за судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, кое ќе треба да
утврди дали обвинетиот Кристијан Шапкар, консумирал алкохол пред или по
несреќата. Оваа судска одлука беше донесена откако Универзитетската
клиника за психијатрија во Скопје во дополнението на вештачењето не дала
прецизни показатели за овие околности со образложение  дека не постои
соодветна и точна метода која може да се употреби за оваа намена.

Инаку во своето сведочење пред судот, обвинетиот тврдеше дека се напил алкохол по несреќата.

Глисерската
несреќата се случи на 22 август 2009 година, кога глисерот „бомбардиер“
на Шапкар се судрил со глисерот на Муцински, „регал“ .

OhridNews