За денес е закажано ново рочиште од судскиот процес за глисерската несреќа која се случи во август 2009 година, во близина на каналот Студенчишта.
Охриѓанецот Христијан Шапкар, е обвинет дека ја предизвикал несреќата, во која животот го загуби скопјанката Ирина Романова-Муцунска (39).
По неколку одложени рочишта, според најавите на судот денеска треба да бидат сослушани повеќе сведоци во случајот.












