Со распит на обвинетите и сведоци, во Основниот суд во Охрид денеска продолжува судскиот процес за убиството на српскиот турист, Дејан Новаковиќ, што се случи на 27 август во центарот на градот.

Две лица од Охрид се товарат за кривично дело свирепо убиство, додека едно лице, исто така од Охрид, е обвинето за помагање по извршено кривично дело.

Истовремено за свирепо убиство пред Основниот суд во Охрид се води процес и против уште едно лице државјанин на Република Србија, кој засега е недостапен за органите на прогонот.

OhridNews