Со распит на сведоци во Основниот суд во Охрид денеска треба да продолжи судскиот процес против Лазе Радески, обвинет за убиство на уличните продавачи на девизи Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, сите од Охрид.


Обвинетиот Радески


На последното рочиште, одбраната на обвинетиот  побара да биде извршена реконструкција на убиството на Трајче Цоцески за што судот кажа дека ќе се изјасни на продолжението од судскиот процес закажано за денеска. 

Ова рочиште првично беше закажано за 10 декември, но беше одложено поради тоа што обвинетиот во затворот во Скопје испил одредена количина седативи, поради што, според лекарите, тој не бил во состојба да присуствува  на судењето.

Ohridnews