Во Основниот суд во Струга денеска продолжува судскиот процес  за трагичната смрт на тројцата угледни стружани кои  настрадаа од електричен удар на плажата „Галеб“.

За случајот обвинети се Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски  и Гоце Јанески, сите тројца поврзани со работењето на спорниот шанк кај Пливалиште, кои се товарат за предизвикување тешки дела против општата сигурност на луѓето.

На денешното рочиште е предвидено да дадат исказ повеќе лица за кои судот смета дека може да придонесат за расветлување на немилиот настан.

Несреќата во која животот го загубија Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески се случи на 11-ти септември минатата година.

OhridNews