Со изведување нови докази и искази на стручни лица во охридскиот Основен суд денеска треба да продолжи судскиот процес за потонувањето на бродот „Илинден“.
За несреќата обвинети се капетанот на бродот, Сотир Филески и претставникот на осигурителната компанија Германски Лојд, Бранко Баиќ, кому му се суди во отсуство. Двајцата се товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
„Илинден“ потона на 5-ти септември 2009 година во Охридското Езеро на околу 200 метри од брегот кај автокампот „Елешец“. Во несреќата загинаа 15 туристи од Бугарија.
OhridNews