Во Основниот суд во Охрид денеска треба да продолжи судскиот процес за потонувањето на бродот „Илинден“.

За трагедијата што се случи на 5-ти септември 2009 година, во која животот го загубија петнаесет бугарски туристи, обвинети се капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски и претставникот на Германски Лојд, Бранко Бајиќ, кому му се суди во отсуство. Двајцата се  товарат за  предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Истрагата за бродската несреќа во која беа вклучени екперти од земјава и странство траеше повеќе месеци, а како најверојатна причина за несреќата се посочува механички дефект, кој го дестабилизирал бродот, а патниците ги зафатила паника, што придонело тој да потоне за само неколку минути. Во моментот на несреќата на бродот „Илинден“ кој бил регистриран за 43 патници, заедно со двајцата членови на екипажот имало 56 лица.

OhridNews