Во Основниот суд во Струга продолжува судскиот процес против  тројцата косопствениците на летниот шанк  во  „Пливалиште”, обвинети за смртта на тројцата стружани кои минатата година настрадаа од електричен удар.

Обвинети се товарат за сторено кривично дело – тешки дела против општата сигурност. На првото рочиште на почетокот од минатиот месец тие изразија жалење за трагичниот настан и при тоа изјавија дека не се чуствуваат виновни затоа што струјата и целиот инвентар ги наследиле.

На денешното рочиште е предвидено да дадат исказ сведоците на немилиот настан.

Несреќата во која животот го загубија тројцата стружани Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески се случи на 11-ти септември минатата година.

OhridNews