Охридската Општа болница да прерасне во регионален центар во кој ќе се лекуваат пациенти од Македонија, но и околните земји- е континуирана политика на менаџерскиот тим на оваа здравствена установа.
Како што информира директорот д- р Љубен Арнаудов, неколку од одделенијата, меѓу кои детското и невропсихијатрија, се единствени во регионот и согласно тоа бројот на пациенти од ден на ден е се поголем.
– Неоколку одделенија се единствени во регионов. Правиме напори да дадеме здравствени услуги и за пациенти од соседна Албанија, чиј број е во постојан пораст, вели Арнаудов.
Тој нагласи дека потпишан е и меморандум за соработка со универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со што е преземена обврска специјализанти од универзитетот да доаѓаат во болницата во Охрид на едукација.
Т.К.