Временската прогноза за наредната седмица во Охрид покажува топло и стабилно време, со вистински летни температури. Во понеделник ќе биде многу топло со максимална температура од 31 степен и минимална од 18 степени.

Во наредните денови се очекува благо намалување на температурата на воздухот, но и понатаму ќе биде сончево и топло. Повремени врнежи од дожд можни се во четврток. Макисмалната температура ќе биде од 23 до 28 степени, а минималната од 13 до 16 степени.

Повторно покачување на температурата до 30-от степен се очекува од идниот викенд.

OhridNews