Продолжува традицијата за возобнувавање на Божикни песни (видео)
24.12.21 18:07
Традицијата за возобновување на Божикни песни, по идеја на Бигорскиот манастир и со благослов на Владиката Партениј, продолжува и оваа година. Никола Перевски -Пере Нокаут, Влатко Лозаноски – Лозано, Стефан Филиповски – Некст тајм и Димитар Андоновски, се веселите коледари во новата, шеста по ред возобновена Божикна песна којашто раскажува за една млада девојка, опеана како гулабица, која се успала за празничната Богослужба, па коледарите низ серенада ја будат, опоменуваат. И шестата по ред возобновена Божикна каланда (песна), во себе го носи специфичниот византиски богат мелос. Возрасните коледари одат од куќа до куќа и ја пеат не само за Бадник, туку и низ целиот седумдневен празничен период, заклучно со Св.Василиј и Нова Година. Тие весело ги повикуваат домаќините да одат во Црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.
За неколку дена, Божикната серенада, ќе добие и видео запис којшто ќе остане вечен сведок за мисијата на Бадниковите поворки како народен, културен и духовен проект. Дотогаш, уживаме во радосната атмосфера од снимањето на аудио записот за „Божикна серенада“, снимена во студиото Алшар во Скопје.
Александар Вучиќ вечерва од изборниот штаб на листата „Обединета Србија“ го призна поразот на вонредните парламентарни избори и соопшти дека Студентската листа освоила најмногу мандати Врз основа н...
Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1 До важните три бода, Света Троица с...
Македонија ќе биде меѓу првите држави во кои официјално ќе се имплементира светски познатата сателитска интернет и телекомуникациска технологија „Старлинк“ (Starlink) Оваа стратешка иновација ќе ја...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.