Некогашниот најдобар фудбалер во земјата, Иван Тричковски е најновото име кое се повлече од македонската фудбалска репрезентација.

Тричковски кој ќе се посвети на клупските обврски во тимот на Ал Наср го продолжи трендот на повлекување откако тоа го направија Горан Пандев и Николче Новески.
За дуелите од квалификациите на списокот од селекторот Бошко Ѓуровски се најдоа :
Голмани: Томе Пачовски, Андреја Ефермов, Дарко Тофиловски
Одбрана: Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Ардијан Цуцули, Дарко Велковски, Дарко Глишиќ, Стефан Ристовски, Александар Дамчевски
Среден ред: Аријан Адеми, Мухамед Демири, Марјан Радески, НиколА Глигоров, Александар Трајковски, Стефан Спировски, Муарем Муарем
Напад: Агим Ибраими, Адис Јаховиќ, Јован Костовски, Крсте Велкоски, Бесарт Абдурахими, Мирко Ивановски
Мх.П.











