Попладнево беа исечени десеттина стебла стари неколку децении на улицата Партизанска во самиот центар на градот.
Жителите од околните згради, но и случајните минувачи револтирано коментираа дека жално е тоа што му се случува на градот- поради лични интереси на поединци секојдневно се уништува градското зеленило што остава трајни последици.
– Наместо да никнуваат дрва, во градов постојано се градат нови објекти, а зеленилото постепено исчезнува, велат граѓаните.
Во најголемиот број случаи дрвата се сечат врз основ на добиено одобрение од страна на службите надлежни за тоа, кои проценале дека е издржана одлуката да се сечи зеленилото кое има огромна вредност насекаде во светот, но очигледно тоа не е случај и кај нас.