На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид денеска продолжува запишувањето на идните студенти во академската 2009-09 година. Интересот за запишување на овој факултет е голем за што говорат 363-те пријави од првиот уписен ден.Резултатите од првиот уписен рок ќе бидат објавени на 2 септември. Вториот уписен рок е на 15 и 16 септември, а евентуалниот трет уписен рок, доколку за тоа има потреба ќе се одржи на 6 октомври. Студентите во државната квота ќе партиципират со 200 евра, додека останатите студиската година ќе ги чини 600 евра.












