Екипите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, попладнево продожија со уредување на централното градско подрачје пред големиот верски празник Богојавление Водици.
На градското пристаниште поставени се 20 тезги на кои ќе се дава топла ракија, извршено е украсување на бродовите „Александрија1“, „Александрија2“ и „Галеб“, односно светилникот и канделбарите, а на улицата „Македонски просветители“ и плоштадот поставени се знамиња на Република Македонија и општна Охрид.
Исто така, од месноста Сараиште отстранети се дел од кајчината, каде на 20-ти ќе се изврши масовно крштевање во водите на езерото.
Како што информираат од охридското јавно претпријатие, останува да се постават 20-тина канти за отпад околу пристаништето.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, под будното око на членовите на здружението „Богојавление“, екипите ЈП „Охридски Комуналец“ го украсувија просторот долж улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, лизгалиштето на мраз, како и потегот околу околу градското пристаниште.
OhridNews