Продолжуваат активностите во општина Вевчани за уредување на централното и околното подрачје во општината.

Деновиве заврши изградбата на локална улица „Млака“, која најпрво беше тампонирана, а потоа и асфалтирана.

– Со асфалтирањето на патот им се олесни движењето на жителите кои живеат на овој потег. Продолжуваме со активностите кои се дел од изборната програма на Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски, а со кои се подобрува живеењето на жителите, велат од локалната самоуправа на Вевчани .

Неодамна беше најавена и изградба на современ парк во самиот центар, каде е предвидено и поставување на спомен обележје во чест на познатиот научник Михајло Пупин.

Ohridnews