На вториот ден од театарскиот фестивал „Вдиши театар“, младите од театарската група на Црвен крст Битола ја играа претставата „Викенд на мртовци“ од Коле Ангелоски.

На сцената во предворјето на Св.Софија, пред бројната публика на комичен и духовит начин ги прикажаа непријатностите на две фамилии на кои им ги замениле телата на починатите роднини.

На третиот ден од театарскиот фестивал Вдиши театар ќе се претстави театарската група на Црвен крст Суботица, Србија со претставата „Радован III“ од Душан Ковачевиќ. Претставата ќе се прикажува вечерва со почеток во 20:30 часот на сцената во предворјето на Св.Софија.

OhridNews