Eкипи од ЈП „Охридски комуналец“, денеска продолжија со најавената реконструкција на дрворедите во градот. Старите дрва долж булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар се заменуваат со украсни од видот лигиструм.

Инаку, акцијата која е во рамките на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности и со која веќе беа опфатени улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“, во минатиот период ги подели мислењата на охриѓани

OhridNews