Продолжува жетвата на медали за охридските стрелци: Ива Маленко, Стефани Савеска и Климент Мостро нови државни прваци!
19.03.24 14:24
Викендов на стрелиштето во битолската касарна се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кое учество земаа околу 80-тина стрелци во јуниорска и сениорска категорија во дисциплините пушка и пиштол.
Со нов личен рекорд од 602,0 кругови, Ива Маленко од СК „Охрид“ е новиот државен првак во сениорска категорија во дисциплината воздушна пушка.
Во истата дисциплина во јуниорска категорија Драгана Локоска и Теодора Спироска се пласираа на 10-тата, односно 11-тата позиција, додека Стефанија Стефанoска се пласира на 15-тата позиција. Во екипен пласман пак, тие се пласираа на 3-тата позиција со резултат од 1596.8 круга
Кај јуниорите со нов личен рекорд од 603,7 кругови на вицешампионската позиција се пласира Кристијан Балоски од СК „Охрид“, додека Бора Каќел од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 10-тата позиција со резултат од 568.9 кругови.
Кај јуниорите на пиштол нов државен првак е Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 539 кругови. На третата позиција во истата дисциплина се пласира Иван Милевски од СК „Охрид“ со резултат од 529 кругови. Ѕвездан Јанески и Никола Тодороски се пласираа на 6-тата односно 7-мата позиција.
Кај сениорите на пиштол, Ванчо Каранфилов од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 537 кругови, пред неговиот клупски другар Даниел Михајловиќ кој заостана зад него за два круга. Значителен пад во спортската форма имаше Велибор Балоски, кој со резултат од 503 круга падна на 11-тата позиција.
Новиот државен првак во категорија јуниорки пиштол е Стефани Савеска со 540 круга. Нејзината клупска другарка, Наталија Савеска е 4-то пласирана со резултат од 529 кругови, додека пак Стефанија Велјаноска од СК „Охрид“ се пласира на 5-тата позиција со резултат од 513 круга. Верица Божиноска и Елена Јанеска се пласираа на 7-мата односно 9-тата позиција.
Веќе од следната недела започнуваат подготовките за 6-то априлскиот меѓународен натпревар во Сараево, но и подготовки за наредниот Куп на МССФ што треба да се одржи кон средината на следниот месец на стрелиштето Бејбунар во Охрид. Истовремено, ќе се одвиваат и подготовките на репрезентативците со двајца еминентни тренери на пушка и пиштол од Р. Србија.
Зимските олимписки игри продолжија денеска со возбудливи финалиња кои донесоа драматични пресврти и спортски возбудувања Третиот ден на Олимпијадата во Милано и Кортина д’Ампецо, Италија, го одбеле...
Во Охрид на 12 февруари 2026 година (четврток) ќе се одржи премиерна проекција на документарниот филм „К-15: Од другата страна“ – првиот документарец што ја раскажува приказната зад најголемиот хум...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од ра...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.