Продолжуваат активностите за реконструкција на потпорните ѕидови во стариот дел на градот. Во моментов се работи на улица „Илинденска“, „Петар Чаулев“, „Димче Маленко“ и „Кочо Рацин“, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Активностите имаат за цел статичка стабилизација на земјиштето и подобрена безбедност на домовите на околните куќи, стои во објавата.

OhridNews












