Имајќи ги во предвид случувањата во Струга изминатите години, целта на оваа, како и на претходните дебати е да се најде заеднички јазик меѓу различните етнички заедници во Струга и да се создаде една подобра Струга за сегашните и идните генерации, како и да се пренесе меѓусебната почит и разбирање.
Дебатите се дел од проектот „Единство во различноста“ кој е имплементиран од страна на Локалната Агенција за Развој во општина Струга, и е финансиски поддржан од програмата на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“.