Вториот циклус од натпреварот по математика Топ 10, што го организира лајанс клубот „Охрид“, продолжува денеска во едукативниот центар „ПИСИ“.

На натпреварот учествуваат ученици од 5-9 оддление од основните училишта: „Христо Узунов“, „Братство и Единство“, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Ванчо Николески“ од Лескоец.

OhridNews