
Од ФК Охрид сметаат дека тендезциозно се работи за срушување на клубот. – Не сакавме да помислиме дека тоа е интенција за растурање на клубот, кој е есенски првак. По завршувањето на шампионатот, не ни е дозволено да тренираме на помошните терени на “Билјани Извори“. Директорката на ЈП треба да биде сервис, а не да потекнува девијантни појави и неспортски работи, кои се во склоп на спортскиот центар. Подршка имаме од градоначалникот Петрески, и со сигурност тврдам дека тој не е запознае со случувањата бидејќи никогаш во нашите разговори не станало збор за забрана за користење на спортските терени. Ние како ФК Охрид, три недели ги користевме соблекувалните во поттрибинскиот простор на стадионот и во тој период , ги оспособивме бојлерите, чешмите, а тоа може да го потврдат и вработените кои таму работат. За сите работи кои се случуваат на релација ЈП – ФК Охрид, ние ќе ги запознаеме преставниците на градскиот совет – истакна тренерот на ФК Охрид 2004 , Зоран Ѓорески.
– Согласноста на Градоначалникот е за користење на терените за натпреварувачката 2010-2011 сезона , по консултациите со локалната самоуправа оваа пауза во овај временски период не влегува во оваа согласнот и од таа причина јас им пратив известување на сите екипи кои ги користат услугите на јавното претпријатие. Во него напоменав дека во овај период за време на пауза, локалната не ги превзема нивните трошкови и затоа да изнајдат начин со кој ние како јавно претпријатие ќе бидеме обештетени. За жал тие не најдоа начин да се договориме, во нашето претпријатие има човек од локалната самоуправа со кого можеа да разговараат и да најдат заеднички јазик, доколку локалната ги покрие нивните трошоци за тренинзи во подготвителниот период , за мене нема проблем– вели директорот на ЈП Гордана Јованоска.Ваквиот однос кон есенскиот првак , е директен удар кон спортот, а овај проблем не е првиот со кој се соочиле “рибарите“, вели спортскиот директор Гоце Маркоски.
Маркоски има забелешки на работата на директорот на ЈП“ Билјани Извори“ и смета дека работите тука мора да се променат.










