Продолжува обуката на учениците за важноста од противпожарна заштита, која ја спроведува Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Овојпат младите од ОУ „Христо Узунов“ се запознаа со основните постапки за заштита од пожари, како во образовните институции, така и во домовите.

Инаку, обуките имаат за цел да ја подигнат свеста кај младата популација за опасностите кои демнат од евентуална појава на пожари.

OhridNews