Продолжуваат потребните активности и анализи за затворање и санација на депонија Буково
10.09.26 11:36
Продолжуваат потребните активности и анализи за затворање и санација на депонија Буково, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Посочуваат дека согласно договорот склучен помеѓу УНДП – Проект Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 3 и општина Охрид, за потребите на реализација на проектот/грантот „Изработка на урбанистички проект и основен проект за затворање, санација и натамошна грижа за некласифицирана и нестандардна депонија Буково“, избран е најповолниот понудувач ГЕОМАП Дизајн Дооел Скопје.
Избраниот понудувач деновиве започна со бушење за поставување на пиезометри потребни за земање на мостри за изведување на потребните анализи кои ќе ја покажат состојбата на депонијата и потребните активности за нејзино затворање и санација, велат од претпријатието.
Воедно, потенцираат дека продолжуваат и со тековните санациони активности на депонијата со покривање со земја.
Приведен е 44-годишен охриѓанец по сообраќајна незгода на улицата „15 Корпус“ Медицинските извори предупредуваат дека при ваква концентрација се сериозно нарушени расудувањето, координацијата и буд...
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка По ...
Денеска, 15 ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи посветен на загинатите и повредените на патиштата, како и на нивните семејства, чии животи трајно се м...