Продолжуваат потребните активности и анализи за затворање и санација на депонија Буково
10.09.26 11:36
Продолжуваат потребните активности и анализи за затворање и санација на депонија Буково, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Посочуваат дека согласно договорот склучен помеѓу УНДП – Проект Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 3 и општина Охрид, за потребите на реализација на проектот/грантот „Изработка на урбанистички проект и основен проект за затворање, санација и натамошна грижа за некласифицирана и нестандардна депонија Буково“, избран е најповолниот понудувач ГЕОМАП Дизајн Дооел Скопје.
Избраниот понудувач деновиве започна со бушење за поставување на пиезометри потребни за земање на мостри за изведување на потребните анализи кои ќе ја покажат состојбата на депонијата и потребните активности за нејзино затворање и санација, велат од претпријатието.
Воедно, потенцираат дека продолжуваат и со тековните санациони активности на депонијата со покривање со земја.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ Тој на катастарска парцела во Охрид, без одобрение...
Глобалното опкружување останува исклучително сложено, а геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови остава директ...
Општина Охрид во соработка со охридските основни училишта објави ликовен и литературен конкурс на тема „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ Како што посочуваат овој ек...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.