Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на Општина Охрид секогаш ги бранела интересите на Охриѓани, и тогаш кога како локална самоуправа и мнозинство од СДСМ  носевте урбанистички планови за уништување на Охрид , и тогаш кога зголемувавте цени на услуги во нови јавни претпријатија , и тогаш кога си поигравте со граѓаните трошејќи го нивниот буџет од 9 милиони евра, а не правејќи ништо за Охрид , стои во испратениот допис на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, а како одговор на претходно испратената реакција од Локалната самоуправа.

– Ние не очекуваме да ја распознаете идејата на ВМРО- ДПМНЕ околу СветиКлиментовиот Универзитет на Плаошник. Впрочем , вие плукавте и кога се правеше црквата во Плаошник. СДСМ никогаш нема да разбере дека ова беше можност Охрид да добие инвестиција од Владата вредна 20 милиони евра и можност преку ослободување на комуналии да се издејствува уште едно капитално дело за Охрид и сето тоа сосем законски и во интерес за Охрид . Но, на Петрески и СДСМ  им требаа комуналиите за да ги остварат  своите коруптивни цели . СДСМ и Петрески го прокоцкаа Охрид за нивни цели, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews