До редакцијата на OhridNews пристигна реакција на реакцијата на Локалната самоуправа во врска со вчерашната прес- конференција која во општинската ВМРО- ДПМНЕ ја одржа претседателот Атанаско Михаилов.
– Наместо одговор, обвинувања од директно затегнатите, наместо извинување за лагите повторно превртување на вистината, повторно лаги, манипулации. Се прашуваме како тоа знаат дека нивниот кандидат победил на локалните избори, а не знаат или се прават дека не знаат дека токму тие од СДСМ заедно со некои полтрончиња владеат со Охрид. Дека токму СДСМ е власт во Охрид и е во позиција да направат нешто за Охрид, но наместо тоа се случува урбан, еколошки, културен, туристички масакр. Се прават дека не знаат дека располагаат со 10 милиони евра, пари на граѓаните на Охрид, кои ги трошат на патувања, ручеци, луксузни возила, партиски вработувања, без ниту една капитална инвестиција за Охрид, без еден долар донесена инвестиција од странство. Токму затоа треба да одговорат на прашањата на граѓаните, а не за секое прашање да одговараат со некакви наводно големи теми, стои меѓу другото во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.
Од Унијата на млади сили на оваа партија, пак реагираат што на почетната страна на општинската веб страница, ohrid.gov.mk, е исплукана опозициската во градот ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Атанаско Михаилов. – Демократско право е да партијата СДСМ или градоначалникот Александар Петрески да возвратат во било каква форма (дали писмо, пресс итн.) на секое искажување во јавноста на претседателот Михаилов или прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ, но ова право да си го зема локалната самоуправа, а посебно официјалната веб страна на градот е за осудување, велат од УМС на ВМРО- ДПМНЕ.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз...
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, ќе бидат п...
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.