Група граѓани на мирен протест во центарот на Охриуд и вечерва го искажа незадоволството од Францускиот предлог за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во Европската унија.
Со транспаренти, знамиња и свирки охриѓани протестираа против предлогот на Франција, но и против политиката на Република Бугарија кон македонската држава и народ.
Протест против таканаречениот Француски предлог вечерва се одржува во Скопје, каде изминатите два дена беше исклучително тензично.
Г.М.