Продолжуваат реакциите за претстојниот попис на население
19.02.11 13:47
Сојузот на здружнија на граѓани Мрежа за мултикултурно општество, чии основачи се Заедницата на Хрвати во Република Македонија, Заедницата на Црногорци, Словенечко здружение “Франц Прешерн”, Сојуз на Балкански Египќани, Заедница на граѓани руски сонародници во Република Македонија “МР-Мост”, Здружение на Украинците во Република Македонија “Лисја Украинка”, Ерменската заедница и полското здружение “Клуб Полонија”, односно како што велат од овие здруженија- припадниците на таканаречените “останати” од Уставот на Република Македонија, поднесоја претставка до Комисијата за заштита од дискриминација.
Претставката се однесува на јавните огласи објавени на ден 16.02 2011 во дневните весници за ангажирање на членови на комисии за пописни реони, реонски инструктори и реонски попишувачи од страна на Државната пописна комисија.
– Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, Државната пописна комисија изврши дискриминација врз сите други граѓани во Република Македонија, кои не припаѓаат на деловите на народи кои не се споменуваат во Преамбулата на Уставот, да можат да ги уживаат сите загарантирани права еднакво со другите граѓани на Република Македонија, стои во реакцијата на овие здруженија.
Во магичното предворје на црквата „Св Софија“ од 22 до 24 август ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, ...
Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година...
На 15082025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишено од слобода е 62-годишно лице од Гостивар По извршени контроли, полицис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.