Сојузот на здружнија на граѓани Мрежа за мултикултурно општество, чии основачи се Заедницата на Хрвати во Република Македонија, Заедницата на Црногорци, Словенечко здружение “Франц Прешерн”, Сојуз на Балкански Египќани, Заедница на граѓани руски сонародници во Република Македонија “МР-Мост”, Здружение на Украинците  во Република Македонија “Лисја Украинка”, Ерменската заедница и полското здружение “Клуб Полонија”, односно како што велат од овие здруженија- припадниците на таканаречените “останати” од Уставот на Република Македонија, поднесоја претставка до Комисијата за заштита од дискриминација.

Претставката се однесува на јавните огласи објавени на ден 16.02 2011 во дневните весници за ангажирање на членови на комисии за пописни реони, реонски инструктори и реонски попишувачи од страна на Државната пописна комисија.

– Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, Државната пописна комисија изврши дискриминација врз сите други граѓани во Република Македонија, кои не припаѓаат на деловите на народи кои не се споменуваат во Преамбулата на Уставот, да можат да ги уживаат сите загарантирани права еднакво со другите граѓани на Република Македонија, стои во реакцијата на овие здруженија.  

OhridNews