Во текот на вчерашниот ден од страна на екипи на СВР Охрид извршени биле контроли на автобуси, но и затекнати пешаци кои небезбедно ја преминувале улицата.
На 28.02.2022 година, при извршена сообраќајна контрола од 12 до 16 часот, полициските службеници во Охрид контролирале 15 автобуси, при што не регистрирале неисправности и недостатоци во опремата, информира портпаролот Стефан Димоски.
Во истиот период, вели Димоски, затекнати и санкционирани биле и 13 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на коловозна лента надвор од обележан пешачки премин од нив во Охрид 7, а во Кичево 6.
OhridNews












