Велигденските празнувања продолжуваат и денеска. Во сите парохиски цркви во охридско утрово се одржаа празнични богослужби. Христијаните и денеска масовно ги посетуваат црквите, а голем е и бројот на љубопитни гости кои сакаат да ги видат овдешните обичаи. Празнична богослужба утрово имаше и во црквата Св. Пророк Илија во Елшани, додека централната богослужба се одржа во  црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ во Варош.



OhridNews