Наскоро е предвидена замена на старата, дрвена дограма со нова во ОУ. „Св. Климент Охридски“.
– До пред некој месец бевме убедени дека овој зафат ќе се изврши со помош на Норвешката амбасада. Имавме проект,се надевавме дека тие ќе вложат средства како амбасада, дека ќе има донација. Конечно ни одговорија дека во оваа буџетска година не можат тоа да го направат и затоа ние ќе почнеме со сопствени средства“, велат од локалната самоуправа.
Во однос на проблемот со паралелката од ова училиште која се наоѓа во населбата Далјан и за разрушените објекти кои се потенцијална опасност за децата кои учат, од локалната информираат дека постои забрана за рушење на објектот.
– Имаме дописи со кои можеме да ви ги покажеме дека ни забрануваат било што тука да правиме. Ни преостанува парцелата да ја заградиме за да немаат пристап децата, да не се случи некоја несакана работа, велат од локалната.
Оттаму додаваат дека од страна на министерството за образование, има забрана за рушење и на старата училишна зграда со цел да се изгради нов објект. Поради тоа, велат од локалната не може да се преземат посериозни зафати за реновирање на оваа училишна зграда.