Во Охрид на 19ти февруари 2026 година (четврток) ќе се одржи проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Филмски институт ФИОФА – Охрид, при Универзитетот „Св. Апостол Павле“. Влезот за публиката ќе биде отворен од 19:30 часот.

Режијата и сценариото се на Георги М. Унковски, а во филмот настапуваат Ариф Јакуп, Агуш Агушев и Дора Акан Златанова.
Цената на билетот изнесува 200 денари, а местата се ограничени. Билетите може да се набават во Кафе Бар Шила до денот на проекцијата или на влез пред почеток на проекцијата.
Настанот се реализира во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, во рамки на програмските активности насочени кон поддршка и промоција на современата филмска продукција и отворање простор за културен дијалог во заедницата.
OhridNews












