Од буџетот на министерството издвоени се средства и за хорот и ансамблот „Бисери“ кои функционираат во склоп на Центарот за култура.
– Задоволни сме од бројот на одобрените проекти од страна на надлежното министерство. Годинава ќе имаме богата програма особено во Народниот театар. Секако добро е што се подржуваат и младите, хорот, балетската група и тардиционалните манифестации, вели директорката на Центарот за култура Драгана Боцевска.
Како што таа информира одобрени се и средства за музичко- балетска новогодишна пртстава “12 месеци”, наменета за најмладите, која ќе се одржи на крајот на годината.
– Од областа на театарот одобрени се три проекти . Едниот од нив ќе го работи режисерот Дејан Пројкоски, на текст од Бертол Брехт – „Малограѓанска свадба“, потоа проектот „Трилогија“ од Мрожек. Одобрен е и проектот за детска претстава „Итар Пејо“, кој ќе го режира Андреј Цветановски, изјави Боцеска.
Боцевска за годинава најави и одредени зафати за техничко доосовременување и реконструкција на центарот, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.