Жирито, од маските кои ги носеа најмладите учесници ги награди ” Македонската фаланга”,” Крстот и жичарата во Скопје” и “Отворањето на триумфалната порта”.
Третата награда кај возрасните учесници се додели за маската ” ЕУ Титаник”, втората за” Кошаркарската федерација”, а првонаграден беше “Проектот Куратица 2014”.
И годинава карневалот во Куратица привлече големо внимание. И покрај ниските температури, селото Куратица беше посетено од неколку илјади гости. Од страна на организаторот годинава беа обезбедени 1000 литри вино и 400 литри ракија, а забавата беше збогатена со настапот на групата Маестрал и Елена Велеска, Василичарска томбола и богат огномет.