Проектот училишна виртуелна компанија под менторство на професорката Весна Карамитре од средното економско училиште во Охрид, е избран како дел од успешните проекти во средните училишта, опишан во зборникот.
Проектот е претставен во Република Македонија и надвор од неа.
– Зборникот претставува обид да се промовираат ученичките творби и достигнувања и да се истакнат нивните заеднички вредности во различностите. Тој е меморија на успеси, признанија, награди и поттик за идни достигнувања на сите заслужни, кои придонесоа за негово појавување, истакна професорката Карамитре.