На состанокот беа разменети информации за досегашните реализирани активности во склоп на проектот, при што се констатира дека истите се одвиваат според планираната динамика. Воедно се презентираше и планот за имплементација на натамошните активности.
Членовите на Консултативниот комитет на проектот Сусткулт имаа можност и да се запознаат со Нацрт содржината за Веб-ГИС платформа за управување и промоција на културното наследство, која треба да се развие во склоп на овој проект и заеднички да ја дефинираат нејзината финална реализација.
Во реализацијата на проектот учествуваат седум европски градови при што водечки партнер е градот Венеција- Италија.